Сува Гора – Табахон

suva gora tabahon

Oтворена еднодневна планинарска акција на планината Сува Гора со искачување на врвот Табахон 1743 мнв.
Акцијата се организира заедно со Планинарско Еколошко Друштво ” Agentus mount ”

Зашто Сува Гора? Затоа што се oди еднаш во 5 години по можност во зима кога ги дава најживописните глетки што се видливи само на убаво време какво што треба да биде во недела. ( подолу слики задолжително)
Времето на тргнување е порано за да можеме да уживаме повеќе на врвот и да тргнеме денски кон Скопје.
Планинарската акција започнува од 570 мнв и се оди 10 км во еден правец кон крајната цел врвот Табахон 1743 мнв . Висинската разлика е 1173 метри приближн како едно Водно и до средно плус ..и, не е толку стрмно повеќе е ливадарење .
Акцијата е за сите кој одат барем на Водно , и да не се улежани.
Акцијата е како створена за изучување на топографијата на Шара и за фотки од 1,000,000 долари.

Пријавување за Скопје кај Алех 070 382 751 ( кај Католичка црква) и Дејан 071 212 808
Поаѓањето е од Пошта 2 на Железничката станица во 05:30 часот- попатно собирње од хотел Карпош – Сity mall – кружниот тек во Ѓорче Петров.
Цената на комбе/бус со шофер од Скопје , водич и медицинска нега изнесува 350 ден по човек.
Плаќање до сабота до 15:00 часот.
За Тетово контактирајте го Зија 071/275 280

Тие што планираат да одат со сопствен превоз задолжително треба да се пријават.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња. (облекување во слоеви)

Храна: од ранец., Вода по патот нема, ( Сува Гора) препорачано 2л максимум.

НАПОМЕНА: Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Водичи од ПЕТ” Agentus Mountain” и I love hiking-group Macedonia
Се гледаме !

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки