Потребен ли и е на Македонија сериозен лавински инфо центар!?

Што мислите? Гледаме ли (влегуваме во) многу филмови за екстремен фрирајд и колку навистина сме свесни за опасностите кои демнат при вакво скијање/борд по нашите планини?!
Во Македонија светски популарните free-ski & freeride или турно тури се генерално во почетна фаза, но трендот зема се поголем замав посебно меѓу младите кои се и најризична категорија во овој дел, каде секако потребата за адреналин е најизразена.
Freeride backcountry skimacedonia

Во потрага по возбуда се оди се подлабоко и повисоко низ изолираните и тешко достапни диви предели на Шара, Кораб, Галичица, Пелистер, Кожуф, Караџица.
Karadzica
Karadzica – Patishka reka

Се скијаат и се прават популарните “линии” низ се по комплексни врвови, опасни кулоари и карпести зони, каде ризикот и опасностите за лавина и сериозни повреди демнат од сите страни и се на највисоко ниво. 

Freeride backcountry skimacedonia n1
Македонија која генерално има ски центри потпрепни на класичниот туризам и скијање на подготвени патеки нема сериозен централизиран (еден) инфо центар од каде што може да се влечат квалитетни податоци за висината на снегот, температурата на воздухот, ветар, температурата на снегот, ризикот од лавина, маркирани зони со висок лавински ризик, објави за забрането скијање итн.
Колку навистина се спремни нашите спасителни станици низ ски регионите, кој е степенот на нивната брзина и мобилност да допрат до одредена изолирана зона во временски интервал помал од еден час?!

Цела оваа крајно сериозна ситуација е потпрена на аматеризам, игра на расипан телефон, бркање глуви линии и секако голема информативна магла во која повторно најдебелиот крај ќе го извлечат планинарите, скијачите авантуристи, туристите, а секако преку тоа и имиџот на државата како квалитетна туристичка дестинација.

skimacedonia.mk ја имаа таа иницијална иницијатива, но тоа е сведено во основа на волонтерство без моментален капацитет да собере многу квалитетни информации од сите страни низ ски регионите. Ќе напоменеме според нашите искуства во оваа зона, динамиката на комуникација, самоиницијативност и проактивност е сведена на ниско ниво и потребата да се сподели информација од прва рака е најголема само кога ќе падне лавината и само кога нечија глава висела на линијата меѓу животот и најлошото.

Христијан Т.

Лавина на Попова Шапка, викендот 28-29 ноември 2015

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки