
Камерата која е основно парче опрема на многу аутдор зависници во скијањето, низ планините и бајк парковите, деновиве го чека својот најнов член.
GoPro преку тизер соопшти дека новата Hero 8 Black и официјално ќе биде претставена на 1-ви октомври. Покрај оваа камера ќе биде преставена и 360 камерата GoPro Max, наследник на GoPro Fusion камера која е “стара” 2 години.
Се уште не се откриени спецификациите, но според тоа што се “шушка” Hero 8 Black ќе снима и во 8к 60 fps , 4К резолуција при 120 fps и 1080 p при 480 fps. Ќе работи на нов GP2 процесор и квалитет на видео од 100 мб/секунда. Но и дека повторно нема да располага со поголем фото сензор 1″ ( еден инч) кои многумина го очекуваат и посакуваат.
skimacedonia