Kонзорциумот на Dolomiti Superski со преку 100 милиони евра инвестиции

skiverbindung-hr_9072-by-tschurtschenthaler-christian-

Додека ние во државава ребалансираме буџети по 10 пати и не знаеме да наместиме бандера на сред улица, па парите ги пуштаме буквално низ вода, конзорциумот од 12 ски центри на Доломити Суперски во Италија официјално ја започнува сезоната 2019-2020 уште од 30.11 2019 година. Во тек се многу проекти за претстојната зимска сезона, а реализацијата е при крај. Вкупната инвестиција во скијачката област Доломити Суперски е преку 100 милиони евра, кои се реализираат за подобрување на капацитетите и квалитетот на ски патеките, нови вештачки езера, резервоари за вода, системи за вештачки снег, гондоли и лифтови.

Кај нас пак честопати ги слушаме владините преставници за проекти со цел рамномерен регионален развој и во тој правец најдобар проект е асфалтирање на некоја маргинална улица. Ски центрите наместо да бидат основен и водечки мотор на регионален развој и економски придонес од поширок аспект кој преку развиен туризам и туристички сервиси ќе придонесе за целокупна економска благосостојба на некои општини и населени места, тие се оставени да бидат ужасна слика и сведоци за македонската неодговорност и тотална индиферентност.

resizedimage600400-tre-cime-dolomiti-hasenkpfl-2-9351

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки