Спремете се психички за REEL ROCK 10!

Времето лета! Тешко е да се замисли дека поминаa скоро 10 години откако на продукциите Big UP и Sender им падна на ум откачената идеја да ги здружат силите и да ја лансираат Reel Rock филмската турнеа. Иницијалната замисла беше да се обединат хардкор болдер фановите на Big UP со традиционалните фрикови на Sender, но таа идеја процвета и еволуираше во глобална филмска турнеја која не само што обезбедува интензивни качувачки видеа, туку  раскажува и лични приказни за најголемите авантуристи низ светот.

Минатата година REEL ROCK се прикажуваше на над 450 локации во светот (вклучувајќи го и Скопје!), носејќи илјадници качувачи, планинари, аутдор ентузијасти и вљубеници во филмот заедно да уживаат и врескаат едногласно.

Десет години подоцна REEL ROCK е уште повозбудлив, работеќи со големи спортисти и истражувачи за да се изработи нов сет на епски приказни од целиот свет.

REEL ROCK 10 Film Tour

Очекувајте големи имиња во годинешнава турнеа, вклучтелно и Томи Калдвел, Алекс Хонолд, Ашима Шираиши, Кевин Јоргесон, Даниел Вудс, Мајк Либецки и други…

Спремете се психички!

honold and caldwell

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки