Според УХМР нов рекорд на снежна покривка

Во Маврови Анови според управата за хидрометеоролошки работи денешната измерена вкупна акумулирана снежна покривка од 93 см е нов рекорд за овој период од годината, стариот рекорд е 80 см измерено на 1 април 1997.

За Попова Шапка нема официјални податоци заради тоа што таму мерното место за жал одамна е затворено, а рекордот од 1996 година е 135 см на 1 април.

Ски центрите со мала пауза продолжуваат со работа за Велигденските празници, Попова Шапка продолжува со работа од четврток до понеделник, а Маврово од петок до понеделник. Таму и во моментов провејува слаб снег.

Mavrovo sneg rekord - 05

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки