Скијачката Marie-Michèle Gagnon препородена после непријатната незгода и страшен удар
Издвојуваме кратко интервју направено за Canadian Broadcasting Corporation CBC, со оние скијачи кои не се суперстар секогаш на врвот, но се дел од сликата и борбата за напредување. Канаѓанката Marie-Michèle Gagnon говори за своето враќање и потребата од брзини.
Минатата година беше разочарувачка за 29 годишната алпска скијачка Marie-Michèle Gagnon рушејќи и ги Олимписките соништа. Сега таа повторно се натпреварува и е во потера по нови соништа. Marie-Michèle Gagnon беше на добар пат да ја претставува Канада на Олимписките игри пред да излета и загуби рамнотежа при еден свијок во Lake Louise 2017та година. Ниту заштитната мрежа не ја задржа да излета од патеката , но кога конечно застана веднаш сфати дека соништата за Олимпијадата во 2018 г за нејзин настап се веќе загрозени.
Докторите ја потврдија штетата после неколку дена и стравот, кога од магнетната резонанца се увиде дека девојката од Канада претрпе повреди со скинати лигаменти во колено и во рамо.
“Веројатно бев свесна за ризикот кој го носи мојот спорт, но никогаш порано немав скинат лигамент ниту вкрстен лигамент претходно што му доаѓа како рутина и преодна работа во овој спорт.” била во неверување само неколку минути, но брзо се освестила од реалноста.
Олимписките игри ги пратела од својот дом
Не и било сеедно на Gagnon да ги гледа натпреварите од дома.
“Посакував да бидам таму, но не бев тажна бидејќи секогаш се трудам да сум оптимист и да размислувам во позитивна насока” . Таа се фокусирала на враќањето на нозе и во натпреварувачка форма, назад на трките. Планирањето и го одврати вниманието од тоа што го испуштила, токму на тоа што следи.
Gagnon го враќа фокусот на брзините
Gagnon ја градеше кариерата во натпреварите од слалом, но дури и пред повредата во Lake Louise 2017 година, настојуваше да се промени.
“На некој начин го бојкотирам слаломот,” вели Gagnon .
Gagnon сега сака да оди што е можно побрзо и да се натпреварува во спуст, најбрзата дисциплина и натпреварување од алпското скијање.
Вели дека помислувајќи на детството и своите почетоци во скијањето, токму брзините ја навлекле на овој спорт.
“Сите мои поренешни тренери го знаат тоа и ќе кажат како обожавам да одам брзо’. Би се спуштила од врвот на планината да скијам во свиткана положба низбрдо, се до доле без вртење. Едноставно го сакам тоа.”
Доколку се квалификува за Олимпијадата во 2022г, тоа би биле трети и веројатно последни Олимписки игри за неа.
Сега кога е здрава, таа вели дека сака да го следи својот инстинкт (и како што вели детето во себе) со цел да ги брка соништата за натпреварите во спуст.
“Следејќи го срцето, јас се чувствувам како препородена во мојот спорт и завршив со една улога, а сега почнувам со нова.”
Натрпеварите во спуст и квалификација за Олимпијадата во Пекинг 2022 се најзината крајна цел. Но пред тоа, прво треба да ја надмине менталната бариера на патеката онаму каде застана, а тоа е е Lake Louise. Таа го заврши спустот годинава без инцидент, иако со далеку од добар резултат на 44 место, но ова се првите чекори кон враќање на големата сцена во спортот, а на Gagnon не и се непознати ваквите препреки.
“Само продолжувате понатаму. Во скијањето има многу денови кога не победувате. Имам освоено само две трки во Светскиот Куп од преку 200 натпревари, па навикната сум да не добивам што сакам секој ден. Тешкотиите, ја прават победата уште толку послатка.”
На 8ми Декември викендов постигна извонреден резултат во Светскиот Куп во St-Moritz, овој пат во super-G и направи своевиден подвиг.
Marie-Michèle Gagnon, заврши на шесто место, иако започна со реден бр.36. Ова е значаен резултат за Gagnon, што и ја даде потребната самодоверба.
“Навистина сум среќна. Ова е рамно на мојот најдобар резултат во super-G.
Наредната прилика ќе ја добијат на натпреварите од Светскиот Куп во super-G и спуст во Val Gardena Италија од 17-20 Декември.
извор: www.cbc.ca
skimacedonia

