За тоа какви се перформансите за скијање на импресивниот масиф Јакупица и северните падини на зоната низ делот на Караџица нема потреба многу да се коментира. Природните убавини, богатството од шуми, реки и поточиња, налик на канадските територии, можат само да ги натераат останатите ски центри да се молат во оваа зона да нема ски центар.
Поставеноста на Караџица ја прави една од најснежните точки во Македонија, посебно северно изложените падини и големи долови околу врвовите Убава, Остри Врв , Миленков Камен. Кон овие точки се пристапува најчесто преку Патишка Река каде уште од почеток ве пречекуваат слики и пејсажи на кои не може да им се изнагледате.
Викендов ја разгледувавме големата дивина откривајќи нови територии, искуства и пејсажи.
skimacedonia















