Ски центарот во Маврово нема да работи ама туринг ќе има до јуни

Почнувајќи од денес, ски центарот Маврово нема да функционира. Иако на терените на Бистра има од 30 до 100 см снег, пролетните услови и топлото време ги правата патеките речиси неупотребливи. Секако и недоволната посетеност во овој период се причина лифтовите да се на пауза. Но сепак ќе може да се поздравите со снежната Бистра за крај на сезона за време на Вилигденските празници од 6 – 9 април, кога ќе бидат последните активни денови на лифтовите. После тоа центарот почнува со пролетно/летните активности.

Ние низ Мавровоија ќе продолжиме да бидеме ски оперативни се до последните парчиња снег во зоните над 1800-2000 метри. Ова е период во кој ски сцената се префрла подлабоко и погоре во зоните кон Дешат, Кораб и околните врвови на Стогово и Бистра.  Оваа сезона е една од оние во кои ќе има услови за продолжено пролетно туринг скијање, имајќи во предвид дека Корапските врвови и долини се напластени со повеќе од 150 см снег.

фото 31.03.2018

IMG_0540 ski centar mavrovo lake mavrovoIMG_0527 ski centar mavrovo lake mavrovo IMG_0878 ski centar mavrovo lake mavrovo

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки