Tелемарк на највисокиот активен вуклан во Европа, Етна 3350м , Сицилиjа
Само десетина минути од кога стоевме на врвот на главниот кратер фасцинирани од потентноста на овој сеуште активен вулкан, Етна почна со посилна активност. Веќе скијавме една добра линија со чудна текстура на снег заситена со пепел и вулкански песок. Правевме пауза на неколку стотини метри под врвот, на да речеме безбедно растојание, за да може внимателно, а сепак од добра перспектива да го набљудуваме вулканот со сите свои атрибути на моќ. Навистина исклучително е чувството, да се скија меѓу стврдната вулканаска лава која остава впечаток како да сме на друга планета, да се биде таму во вистинскинско време и среќа што не се најдовме на врвот во момент на самата ерупција.
Велат дека Етна е постојано активна, но не секогаш со татнеж и со голем чад и облак во чудни бои од светло сино, до портокалова и пурпурно виолетова. Југо – источниот кратер е оној кој е постојано активен, па затоа ние одлучивме да се движиме по северната страна. Вечерта паднаа некои десетина сантиметри нов снег што беше одлично за нашите планови за ски екскурзии во неколку насоки низ планината. Сепак утрото можевме да видиме дека на површината на новиот снег имаше песок и нови исфрлени лава камења што беше знак за постојаната вулканска активност.
Се заедно оваа неколку дневна авантура беше едно незаборавно искуство со над 3600 метри добиени во висина, секојдневно повлекување на нови линии, кои како резба во линолеумска плоча остануваат бели во сивкастиот снег.
skimacedonia
