Ски патрола Ново Село – Бориславец
Шарското Ново Село се наоѓа на надморска висина од 1200мнв. од каде и започнува турата. Нималку лесен, Бориславец е сериозен залак во било која варијанта, дали обично планинарење или ски искачување. До него ни беа потребни скоро 6 часа турно искаување , дополнително од селаните искористивме т.е позајмивме 4×4 жив транспорт, локално магаренце за почетната делница која немаше снег. Не спаси од маки!
Со магаренцето се дружевме скоро еден час пред да продолжиме со скии угоре до големиот Бориславец 2675 мнв. После импресивните алпски рељефи, од врвот надоле следет 20 минути спуштање со голем избор на линии. И да, сега и не беа баш условите како што треба, но Бориславец е навистина добра тура, добар избор за квалитетен ден.
skimacedonia








