Како поминаа снобордерите на натпревари во Копаоник

IMG_0679 polar ski federacija snowboard

Снегот кај нас ја изгуби силата, но околните арени во соседството се уште добро функционираат каде се реализираат бројни натпревари во алпско скијање и сноуборд. Изминатиот продолжен викенд од 21 до 26 март на Копаоник во Србија се одржаа шест натпревари во рамките на ФИС во сноуборд, во повеќе дисциплини,  паралелен велеслалом, паралелен слалом, слоупстајл, биг ер на кои настапија единаесет македонски сноубордери од два скопски клубови (Полар и XMKD). Македонските натпреварувачи освоија значајни фис поени кои им одат во прилог, а постигнати се следниве резултати:

Полар клуб Скопје: 

-Ева Башовска (12 години) –  2 втори и 2 четврти места

-Марко Петровски (14 години) -2 први , 1 второ, 1 трето место

-Карло Дерибан ( 13 години) –  2 втори, 2 први места

-Максим Циговски (14 години) -1 четврто, 2 осми, 1 деветто место

-Ведран Лауренчиќ (14 години)  -2 четврти, 2 петти места

Фис Категорија:

-Неда Добреска (17 години) – 1 шестто, 5 осми места

-Бојан Андонов – 2 шести, 3 осми, 1 единаесетто место

-Велко Николовски – 2 единаесетти места

ХМКД клуб Скопје:

-Александар Кацарски – 1 прво и 1 второ место

-Томас Дебаловски – 2 деветти места

-Сања Спасовска – 1 трето, 1 четврто место

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки