Шорт скии – Snowblades

Должината на ваквиот тип на скии изнесува некаде околу 90 цм. Везовите се со класичното маркер каивче, без кочница кое при пад потешко се откачуваат  и служи скијата да не одлета подалеку од вас. Ваквиот тип на скии е наменет за натапкани стази , скии кои не трпат предлабок снег, бидејќи се потешки за контролирање во истиот. Регуларната должина на скиите изнесува од 75 – 110 цм долги и симетрични со идентични врвови.

snowblades1-skimacedonia

Спаѓаат во групата на скибординг скии, а првата компанија која ги воведе на пазарот е Саломон која со едно име ги нарече сноу блејд . Историски гледано се појавиле некаде во 1940 г . од планинарите на кои им требале компактни мали преносливи скии за скијанње на глечери во летните денови. Главните виновници за нивното инволвирање е Кент Кеисвилер кој главната форма за микро скии ја вовел во 1992 г . Се користат исклучиво со стандардните ски кондури. Начинот на скијање е без помошните стапови со префрлување на тежината од едната нога на другата нишајќи колковите и работата со телото, за разлика кои се користат кај карвинг скиите, поради ритамот на темпото на скијање како и за одржување на рамнотежата при самото скијање.

snowblades2-skimacedonia

При скијањето товарот паѓа на колената и дел од половината. Издначувањето на движењето на телото и нозете ја заменуваат улогата на стаповите . Начинот на буткањето при рамните стази при симнување од жиниците односно буткањето се користи техниката како кај сличугањето . Ваквиот тип на скии се нестабилни при спуст техниките. Начесто се користат за офроуд возње и акробации. Во Македонија пристигнаа односно трендот започна негде во периодот од 2000 год. За нивно успешно користење потребно е прво да се совладаат карвинг скиите па потоа да се прејде на ваквиот тип на скии . При правењето на правилниот карв ( жлеб со кантот ) потребно е со дланката да се допре до снегот , важи за слалом возењето , додека за велеслаломот се практикува техниката колено под колено , при што едната нога е понапред од другата со половина врв од скија во однос на другата скија . Малку е по проблематично возењето на скилифтот, оптеретуваето е поголемо , но со тек на време се навикнува . При длабок снег тежиштето на положбата е на средина ,за разлика од кај обичните скии , кое е на назад со подигнати врвови. Паѓањата се диретни на подлогата од снегот по директни нешто како кај сноубордингот. При скијањето на мраз се практикува техниката со влечење на задниот дел од скиите, зголемени завртувања на страна со поголемо зарубување со кантовите од скиите.

snowblades_1

Гиманстичките вежби и размрдувањата се задолжителни пред секое започнување со скијање со цел да се избегнат несаканите последици , односно повредите.  Од опрема секако добро е да носите кацига, штитници за колена и дланки, појас за половина и поквалитетни засилени ракавици на дланките.

Ридан Андреев

 

           

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки