
Mikaela Shiffrin реализираше уште една доминантна трка во слалом во Killington и помина со подиум во саботата во велеслалом
Светскиот Куп продолжи во Killington САД за традиционалниот Thanksgiving World Cup викенд, каде 40,000 фанови се собраа на ски трките да ја бодрат домашната фаворитка Mikaela Shiffrin да дојде до нова победа во слалом. Shiffrin, која заврши трета во велеслалом во саботата ја зголеми предноста во генералниот пласман на Светскиот Куп пред швајцарката Michelle Gisin.
Ова е четврта едноподруго победа во слалом за неа во Killington каде се одржува натпревар од 2016г. Неделниот настап беше посебно импресивен заради предноста која ја оствари од 2.29 секунди пред второпласираната Petra Vlhova од Словачка. Anna Larsson од Шведска беше трета со, 2.73 секунди заостанување.

Единствената женска трка од Светскиот Куп годинава во САД е во Killington и привлекува рекордна публика секоја година.
“Ова беше борба, навистина беше напорно, но бев прилично близу до линијата што ја имав замислено за скијање. Забавно е да се настапува пред оваа публика, специјална атмосфера која ме крева да се борам до крајот и ме носи надоле по патека” изјави Shiffrin под идеални услови за возење, каде фаворитите дојдоа до израз.
Shiffrin и Vlhova без конкуренција доминираат во слалом трките од Светскиот куп уште од Јануари 2017г. Vlhova изјави дека овој двобој ја направи подобра скијачка. “Miki (Shiffrin) ме притиска до крајни граници и добро е да се има тоа.”
skimacedonia