Попова Шапка со нова цена на ски картите за сезона 2020

popova sapka elemturis cenovnik ski karti skipass 2020

Елем Турс вчера го објави ценовникот за ски карти, поважна промена има во цената на дневната ски карта која ќе изнесува 1000 денари (до минатата сезона изнесуваше 900 денари).

Претпродажбата на сезонските ски карти започнува од денес, а ќе трае до 20 декември 2019 година. Цената во претпродажба изнесува 9.000 денари, а по 20 декември сезонскиата карта е 10.000 денари.

Потребни податоци за набавка на сезонска карта:

– Име и презиме
– Адреса на живеење
– Eлектронска фотографија
– уплатница со уплатени средства

Податоците може да ги испратите на Вибер +389 75 210 215

Забелешка: При купување на секој билет се наплатува кауција во износ од 150 денари. Средствата од кауција се рефундираат при враќање на ски картата на благајна. Доколку не сте ја вратиле картичката од претходната сезона и доколку не е оштетена, иста може да биде репрограмирана за оваа сезона. Во тој случај не плаќате 150 денари кауција за оваа сезона.

banner_atlantiSmk2020

 

 

fischer ski sportbike.mk banner_2020

За skimacedonia

Еден коментар

  1. Zatoa nikoj nema da im ide

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки