Зошто е потребно сервисирање на ски опремата?
Потребен е помал напор за кочење и вртење, притоа и се намалува и ризикот од повреди, професионалната обработка на кантовите т.е рабовите обезбедува добро држење на патеката дури и на при заледена подлога, а преку тоа и поедноставно управување и спуштање во сите снежни услови на патеките.
Состојба пред и по сервисирање
Пред сервис кантот е тап и рѓосан, базата т.е подлогата е изгребана, оштетена и нема структура, после сервис кантот е изострен, а подлогата е рамна и подмачкана со восок.
Мерки кои можете и сами да ги направите со цел вашата опрема да биде во добра состојба:
– чистење и сушење на везовите и скиите/сноуборд после секоја употреба
– чувајте ја опремата во просторија без влага
– користење на восок за заштита на подлогата
– поправка на сите навидум ситни оштетувања
– покрај добро чистење и сушење, препорачливо нанесување на добар слој на восок на крај од сезоната.
Кога е потребно сервисирање на опремата?
Темпото на сервисирање на скиите зависи од тоа колку често ја користите опремата, условите и теренот во кои се употребува, како и вашите вештини и знаења околу располагањето со опремата. Се препорачува еден почетен контролен сервис на почетокот на сезоната, доколку скијате повеќе денови интензивно и на крај на сезона кога се прави комплетно чистење, заштита и сушење.
Како сами да процените дали е потребен сервис?
– Ако при скијање не сте во можност да направите леснo завртување на заледена стаза, тогаш е потребно да се изостри кантот
– Малата брзина на рамни стази, значи дека е потребно подмачкување и обновување на подлогата со восок
– Доколку скиите или сноубордот вибрираат на рамна стази, потребно е обновување на базата и мазнење на подлогата.

skimacedonia

srekni praznici
Ni trba servis na dva para decki skii i eden par za vozrasen
dali vrsite servis i koga moze da gi doneseme skiite?
дечки, ај пишете сервис за сноуборд во Скопје?
благодарам, поз!
http://www.rabotilnica.org/