REEL ROCK 11 претставување: НОВИ ДЕЧКИ

rrtv11_0090И оваа есен сме во нетрпеливо исчекување на датумите за најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание. Голем дел од датумите се одредени, картите веќе распродадени, се појави трејлерот, а конечно се објавени и петте филма кој ќе ви ја дадат овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам. Во продолжение на следните недели, до објавување на датумот на овогодинешното локално  издание на REEL ROCK 11, со краток опис и галерија со фотографии ќе ги прeтставиме сите филмови од најновата колекција кои ќе ги прикажат најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот, а во меѓувреме секако ќе ја објавиме и локалната програма која и оваа година ќе се осврне на нашите највозбудливи качувачки подвизи. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација, а првиот кој ќе го уживате во единаесеттата турнеја е филмот:

НОВИ ДЕЧКИ
30 мин.
Главни ликови:
Ашима Шираиши и Каи Лајтнер
Споредни ликови/гласови: Крис Шарма, Меган Мартин, Робин Ербесфилд-Рабоуту.

Запознајте ги новите фаци на качувањето: 15 годишната Ашима Шираиши и 16 годишниот Каи Лајтнер, лидери на новата генерација, кои веќе го носат спортот на следното ниво. Ашима, која жиеве во Њу Јорк, е најмладата личност и првата жена која искачи 5.15a . Каи, кој доаѓа од Фајатевил, Северна Каролина, стана национален шампион во качување уште во средно училиште. НОВИ ДЕЧКИ ги следи овие двајца пријатели и чудо од деца за време на нивниот летен одмор во Норвешка, каде легендарната пештера Флатанџер, ги става на тест нивните вештини и ги принудува да излезат надвор од комфорт зоната. За крај, Ашима патува за Јапонија да направи историски подвиг и да постави нов стандард на Хорајзонс, жесток болдер проблем со 30 движења, на работ на оцена V15.

_o2a0484_ph-brettlowell _o2a0507 _o2a1688 _o2a2459 _o2a13921 ashimashiraishijapan1phbrettlowell

 

rr11-cover

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки