REEL ROCK 11 претставување: DODO’S DELIGHT

rrtv11_0090

И оваа есен сме во нетрпеливо исчекување на датумите за најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание. REEL ROCK Fest веќе заврши, голем дел од датумите на локалните премиери се одредени, а ги претставивме и повеќето од филмовите кои ќе ви ја дадат овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам. До објавување на датумот на овогодинешното македонско издание на REEL ROCK 11 остана да го претставиме и последниот филм од најновата колекција која ќе ви ги доближи најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот. Новите филмови кои ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација се Нови дечки, Момци во вреќи, Брет и Oдличен татко, а петтиот и последен кој ќе го уживате во единаесеттата турнеја е филмот:

DODO’S DELIGHT

30 мин.
Главни ликови:
 Шон Виланова Одрискол, Нико Фавресе, Капетан Боб Шептон
Споредни ликови/гласови: Оливер Фавресе, Бен Дито

Спакувајте ги инструемнтите и развиорете ги едрата за една луда едречка авантура низ Арктичкиот круг со бродот Dodo’s Delight. Придружете се на Шон Виланова Одрискол, Бен Дито, браќата Нико и Оливер Фавресе, и нивниот 79 годишен капетан, почитуваниот Боб  Шептон, кога бандата тргнува на рокачко музичко патување на отворено море, смрзнувачки темпеартури и неискачени големи стени.  Telluride Mountainfilm кој на Dodo’s Delight му ја додели престижната награда „Charlie Fowler“, го нарече филмот “олицетворение на авантурата”.

_dsc2846-reel-rock 4j5a0144 4j5a7464-reel-rock 4j5a9284edit-reel-rock 4j5a9845-reel-rock dsc02269edit-reel-rock dsc02281

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки