REEL ROCK 12 премиера во ноември!

 

Спремете се јако за најголемите качувачки приказни и качувачки ѕвезди. Петте нови REEL ROCK  филмови по дванаесетти пат ќе ви го разнесат умот и растресат колената, а ќе ви донесат и срцебиечка акција, смеа и вистинска инспирација. Веќе добро знаете како е шемата: најголемите качувачки достигнувања од минатата година преточени на видео лента. REEL ROCK 12 повторно ќе се прикажува во повеќе од 450 градови низ светот. Бидете вклучени за листата на филмови, а наскоро ќе следи и трејлерот.

RR12

REEL ROCK Fest

Добредојдовте на REEL ROCK на стероиди. Покрај самите филмови, REEL ROCK фестивалот по втор пат ќе додаде целодневна индор екстраваганца со најголемите качувачки ѕвезди низ неколку градови во Америка. Про клајмберите ќе водат работилници, натпревари, а ќе има разни претставуавња, многу храна, пиење и секако забава.  Наша должност е редовно да ве апдејтуваме за сите новости околу овој најголем качувачки настан, и секако потенцијалната премиера во Скопје!

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки