REEL ROCK 11 претставување: БРЕТ

rrtv11_0090

И оваа есен сме во нетрпеливо исчекување на датумите за најголемиот качувачки празник – REEL ROCK филмската турнеја, која стигна до своето единаесетто издание. Голем дел од датумите се одредени, картите веќе распродадени, се појави трејлерот, а конечно се објавени и петте филма кој ќе ви ја дадат овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам. Во продолжение на следните недели, до објавување на датумот на овогодинешното локално  издание на REEL ROCK 11, со краток опис и галерија со фотографии ќе ги прeтставиме сите филмови од најновата колекција кои ќе ги прикажат најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот, а во меѓувреме секако ќе ја објавиме и локалната програма која и оваа година ќе се осврне на нашите највозбудливи качувачки подвизи. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација, а третиот кој ќе го уживате во единаесеттата турнеја е филмот:

БРЕТ
12 мин.
Главни ликови:
 Берт Харингтон
Споредни ликови/гласови: Марк-Андре Леклер

Проследете го надоаѓачкиот талент Брет Харингтон, низ нејзиното глобалното патување од гранитот во својот роден град Сквамиш, преку пологонот за докажување – големиот ѕид на Ел Капитен во Јосемити, па се до крајната дестинација, нејзиното познато фри соло на шпицот Сент Егзипери во Патагонија.

_dsc2990 _dsc4691_nobelayer dts-160405-1204_ph-drewsmith dts-160406-1596_ph-drewsmith rich_day8selects__012 sia_0175 sia_0245-2

Претходните два филма од овогодинешниот REEL ROCK кои ги претставивме беа Нови дечки и Момци во вреќи.

rr11-cover

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки