Tеренот веќе сериозно се подготвува за претстојната REEL ROCK 10 филмска турнеја насекаде низ светот. 17 септември е првиот термин закажан за официјалната премиера во Болдер, Колорадо, а потоа премиерите продолжуваат и низ останатите држави во САД, Канада, Аљаска, голем број градови низ Европа, Нов зеланд, па дури и Антарктик! Термините со премиери во различни градови ќе продолжат да се пополнуваат до први декември за кога е закажано официјалното појавување на ДВД изданието на филмот. И Скопје по втор пат е вклучен во листата на премиери, а датумот ќе биде објавен многу скоро!
Билетите за премиерите на REEL ROCK 10 веќе се во продаважба
Како што голем дел од фановите дознаа на потешкиот начин, повеќето билети за претходните изданија на REEL ROCK беа продавани во целост скоро секоја година. За премиерата во Болдер се веќе продадени илјадници билети, а и остатокот оди брзо.
Привјуто на REEL ROCK 10 беше проектирано на лимитирана и избрана публика во Summer OR, Солт Лејк. Како и секогаш и оваа година настанот поминал лудо и незаборавно, а најпосетен дел секако бил бенефит настанот на The Access Fund каде за прв пат се појавуваат дел од ѕвездите на овогодинешниот филм меѓу кои Alex Honnold, Tommy Caldwell, Kevin Jorgeson и Lynn Hill.
REEL ROCK пиво!?!
Уште една неочекувана новост е поврзанa со овогодинешната REEL ROCK турнеја. Во соработка со Upslope компанијата за пиво, REEL ROCK гордo го објави создавањето на REEL ROCK Session India Pale Ale, ексклузивно пиво направено за да ја прослави 10-годишнината на REEL ROCK турнејата. Ограниченото издание на лименката ќе биде достапно за порачка низ избрани продавници каде се продаваат производите на Upslope. Забавата за појавувањето на пивото ќе биде на 20 август во Flatiron Park пиварницата на Upslope во Болдер и ќе биде отворена за јавноста.
skimacedonia



