Во недела на 19 април, ќе го одржиме априлскиот месечен Прв до врв, посветен на Денот на планетата Земја.
Пролетта, убавото време и наближувањето на Прв до врв 2015 се априлската мотивација да се собереме заедно и да се искачиме до врвот на Водно.
Стартот е пред ОУ Кочо Рацин во 9 часот.
Настанот нема натпреварувачки карактер. Месечните искачувања на Водно во организација на Прв до врв имаат за цел да ги поттикнат спортот и рекреацијата во природа и да овозможат заедничка подготовка за главниот настан кој ќе се одржи на 24 мај 2015.