ПЛАНИНАРСКИОТ ПОХОД БОГОМИЛА – СКОПЈЕ

Планинарски спортски клуб Бистра од Скопје во деновите 24, 25 и 26 Април 2015 година го организира 35-от по ред Планинарски поход од Богомила преку планинарски дом Чеплес, врв Солунска Глава, планинарски дом Караџица до врв Крстовар, планинарски дом Даре Џамбаз на Водно – Скопје. Во таа чест Ве покануваме, Вие да земете учество на овој поход, со следната програма:

ПРОГРАМА НА ПОХОДОТ:

24 – Април – 2015 год. (Петок) – Собирање на планинарите во планинарскиот дом Чеплес;

25 – Април – 2015 год. (Сабота) – Поаѓање од планинарски дом Чеплес во 06.00 часот и преку врв Солунска Глава 2540 м. пристигање во планинарски дом Караџица;

26 – Април – 2015 год. (Недела) – Поаѓање од планинарски дом Караџица во 05.30 часот и преку Марков манастир пристигање до планинарски дом Даре Џамбаз на врв Крстовар 1066 м. – Водно;
НАПОМЕНА:
• Планинарите од планинарските друштва надвор од Скопје можат дирктно да пристигнат во планинарскиот дом Чеплес;

• Учесниците на походот треба да се добро психофизички подготвени и со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесат КОМПЛЕТНА ЗИМСКА ОПРЕМА (вклучувајќи и дерези);

• Исхраната е од ранец;

• По пристигнувањето во планинарскиот дом Даре Џамбаз на врв Водно ќе се одржи свечен ручек и на сите планинарски клубови и нивни претставници кои учествуваат на овој поход ќе им бидат доделени Признанија од ПСК Бистра – Скопје;

• Поради малиот капацитет на планинарските домови ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ со име и презиме од сите учесници да ни достават клубовите до 20 Април 2015 год., на електронска пошта pskbistra@gmail.com а најдобро на следните контакт телефони.

Контакт телефони: 078/413-051 Коле Мајнов; 070/350-270 Маријан Калиманоски; и 070/234-405 Ристо Ристовски

Milenkov Kamen Karadzica

 

Vodno (11)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки