Во чест на нашиот драг колега-планинар, писател, борец за Македонија како пристојно место за живеење, кој трагично загина бранејки ја убавината на нашата планина Китка- „Јосиф Илковски 1924-2001„
Мото на маршот е заветот на Чичко Јосиф „Човеку-нечовеку, границата твоја е доброто-злото„
Основна цел на маршот е масовно вклучување на граѓаните во планинарството како спорт за своја душа и тело. Искачувањето на Китка ви овозможува прошетка по прекрасните падини за цела фамилија, без оглед на староста и полот. Да почуствувате задоволство на победа, зошто секој кој ќе се искачи на врвот е победник. Маршот е составен од две патеки и тоа:
1. Екстремна патека- се оди од планинарски дом „Чеплес„ -Солунска Глава (2540 м.) -Бегово поле-планинарски дом Караџица – Алдинци – Преслап – планинарски дом Китка – Горно Количани. Патеката е долга 58 км со 2620 м. висинска разлика и се пешачи 19 ч. Зборно место планинарски дом Чеплес на 18.04.2015 во 07 ч. Бројот на учесници е делумно ограничен поради нокевање во планинарските домови Чеплес и Караџица/200 ден /исхрана од ранец.
2. Рекреативна патека- с.Горно Количани – планинарски дом Китка – с.Горно Количани. Должина на патеката е 8100 м. со висинска разлика од 780 м. и се пешачи 2:30 ч. и 2 ч. за враќање.
Зборно место на 19.04.2015 пред ПТТ Железничка станица во 08 часот. Бројот на учесници не е ограничен. Организаторот обезбедува превоз на релација Скопје-Горно Количани-Скопје на 19.04.2015 – цена 150 денари. Исхрана од ранец, обезбеден чај/маица 160 ден.
Во 13 ч. Ке се положи цвеќе и ке се одржи пригодна беседа за нашиот драг пријател Јосиф Илковски.
o Право на учество има секој кој се чуствува здрав и способен за ваков предизвик и сака да партиципира во чествувањето за Чичко Јосиф.
o Патеката е одбележана со црвен круг и внатре со бела боја или црвена со бела линија, или црвени и жолти знаменца.
o Однесување на патеката – секој учесник е должен да ја чува околината од пожар, смет, кршење, загадување – нека листот и понатака зеленее.
o Опрема и облека секој по свое наоѓање, обрнете внимание на обувките, треба да се разгазени за да не се добијат плускавци, пелерина за дожд.
Пријавување и информации најдоцна до 16.04.2015год. :
o СПС на Македонија: 3165-540
o Трансверзалец 3223-024 / 070-641-998
skimacedonia

