Проектот „Креативен викенд Лазарополе“, кој функционира веќе трета година и организира креативни работилници околу разни креатив аспекти и уметнички перспективи, оваа среда, 15 октомври, ќе ѝ биде претставен на публиката во Париз во културно центар „Ла Џенерале“
Проектот ќе го претстават координаторите Јован Ламбески и Тони Димитров, преку презентација, фотографии и кратко видео од изминатите изданија на „Креативен викенд“. Покрај презентацијата, ќе бидат претставени и дел од уметниците што досега учествувале во проектот, и тоа со делата добиени како резултат од креативните викенди.

Покрај „Креативен викенд Лазарополе“, во Париз ќе биде претставена и концептуалната звучна инсталација „Страв од музика“ на Тони Димитров, дел снимен во Лазарополе.
– Делото поставува едно клучно прашање во современата уметност и ја опсервира релацијата помеѓу уметноста и звукот. Современата уметност е масовен феномен, меѓутоа, додека пошироката јавност нема проблеми со прифаќањето на авангардната и експерименталната уметност, сепак постои масовен отпор кон авангардната и експерименталната музичка, иако и двете се појавени во исто време и под слични околности – и покрај фактот што музичарите и уметниците прават постојани обиди да се воспостави синестезија помеѓу двата медиуми – вели Димитров.
Оваа инсталација по презентациите во Скопје и Виница, ќе биде изложена во Франција, а подоцна и во Холандија на 15 ноември, во рамките на „ПНЕМ саунд арт фестивал“. Покрај овој проект, на настанот ќе биде претставен и аудиодокументарецот „Лазарополе“ во режија на Димитров.
skimacedonia