Бајкерска кавалерија низ мавровскиот регион

Викендов низ мавровскиот регион се реализираше “Мавровската тура” во организација на Пробајк – Скопје.

Очекувано, заради атрактивната тура и доброто време настанот кој се одржа викендов на 12 октомври беше посетен од голем број на вљубеници во велосипедизмот и природата од цела Македонија.

probike-mavrovo-skimacedonia-korab

Рутата е долга околу 55 км со средна тежина и поминува низ многу живописен предел исполнет со бројни шумски пејсажи, планински реки и погледи на големите корабски врвови и прекрасни села почнувајќи од Маврови Анови преку патот за Дебар, приклучокот за Стрезимир, патот за Кораб – Бродец – Кракорница – Богдево – Врбен – Маврови Анови.

probike-mavrovo-skimacedonia-bogdevo

??????????????????????????????????????????

Стартот го карактеризира долгиот спуст по магистралниот пат Маврови Анови – Дебар се до десниот приклучок кон Кораб т.е Стрезимир каде што почнува off-road возењето по макадам и земјен пат кој во првите делници е со благ нагиб и е лесен за возење и сосема добар за постепено загревање. Во понатамошните делници до крајот патот има два-три успони и возење претежно низ шумски пат.

probike-mavrovo-skimacedonia-mtb-ruta

 

 линк поголема галерија на слики 

 

           

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки