При крај е проектот за изградба на преостанатата делница од жичницата на Водно. Изградбата се планира да започне 2016 година. Преостанатиот дел од жичницата води преку Институтот за белодробни заболувања во Козле како меѓустаница на 278 метри до паркингот на црквата Св.Јован Крстител во Капиштец на 256 метри како крајна станица.
Вкупната должина на новата делница е околу 1900 метри и ќе има дополнителни 34 гондоли со капацитет да транспортира 1200 патници.
skimacedonia

