Претставете ја вашата фото сторија направена во природа

Социјалните мрежи изобилуваат со креативни случајни или сценирани фотографии и стории направени во природата, фотографии од интересни планинарски походи, рекреативни тури, скијање и сноуборд, фрирајд, турно, планински велосипедизам, кампување направени во време и невреме, згоди и незгоди.

Сите вие кои сакате да споделите интересна и креативна репортажна фотографија кои поседуваат соодветна содржина со кратка сторија-текст, можете слободно да ни ги испратите и ќе бидат објавувани како фото стории.

Фотографиите потребно е да бидат во квалитетен формат, една фотографија = една сторија, во висока резолуција максимум до 1200х800, изработени на нашите планини, езера, врвови со краток описен текст.

Cold winter night in the Italian Dolomites
Ладна зимска ноќ на Италијанските Доломити за време на преминот во зимата. Во позадина познатите “Три Врвови” (Tre Cime), амбиент на -30 степени под нулата. Фото: Карин Еибенбергер

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки