Почитувани новинари, почитувани колеги планинари,
Пред се сакаме да се заблагодараме на сите битолчани, на Битола за грижата и вниманието што во изминатиов период ја посветуваат за планинарскиот дом Копанки.
Секој што пораснал во Битола, што барем еднаш се искачил по падините на Пелистер и пиел чај во планинарскиот дом Копанки, знае колкава вредност има ова место за сите нас и со право го чувствува како своја куќа.
Но, како и секоја куќа така и планинарскиот дом Копанки има свој сопственик, во случајот тоа е планинарски спортскиот клуб Пелистер. Нашето здружение е единствен корисниик на земјиштето под објектот и сопственик на објектот врз него т.е планинарскиот дом Копанки. Како и секој од вас што се грижи домаќински за својата куќа така и ние, планинарите од здружението Пелистер, клуб кој е 80 години стар, се грижиме за својот имот.
Ова наше обраќање до јавноста, е со цел да информира за преземените активности на ПСК Пелистер во врска со реконструкцијата на опожарениот планинарски дом Копанки.
ПСК Пелистер набрзо по опожарувањето, поднесе барање до Општина Битола за дозвола за реконструкција. Во меѓувреме презедовме неколку акции за расчистување на теренот, во што волонтерски беа ангажирани наши членови и граѓани.
Во оваа прилика сакаме да ве информираме дека процесот на легализација на објектот, односно на планинарскиот дом Копанки е во завршна фаза и за многу кусо време, пред почетокот на летото ќе се создадат правни услови за истиот да може да се ренконструира. Нашето здружение има одредени финансиски средства со кои нашиот но и ваш Копанки ке биде повторно изграден и ставен во функција.
Би сакале срдечно да ве поканиме сите што имате желба и можности да помогнете при реновирањето на домот да ни пристапите и да се договориме како да се вклучите.
Ќе повториме, иако станува збор за приватен имот, имот на здружението, ние сме почестени со љубовта на битолчани кон ова место, кон Копанки и ќе работиме за најкусо време тоа повторно да стане собиралиште на сите вљубеници во природата и во нашиот Пелистер.
skimacedonia
