Ски центарот Маврово, заедно со Експлоринг Македонија оваа година по втор пат го организираат еден од најпредизвикувачките аматерски спортски настани – “Mavrovo Maximum Adventure”. Овој настан е наменет за компании и е еден вид на лесен спортски тим билдинг со натпреварувачки карактер, каде екипите се натпреваруваат во авантуристички спортови со цел да победи подобриот.
Настанот ќе се одржи од 05 – 07 јуни, на терените на Маврово и Мавровско Езеро. Овој евент се состои од 2 дела, Sport Challenge и Adventure Games.
ПЛАНИНСКО ТРЧЕЊЕ
Изведувач – Спортски клуб “Energy”
ДОЛЖИНА – 3.8км (дисциплината е во две групи – мажи и жени)
ТЕЖИНА – Средна ВИСИНСКА РАЗЛИКА – 200м
МАКС. НАГИБ – 35% ПРОС. НАГИБ – 9.2%
Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите се натпреваруваат во планинско трчање каде патеката е долга 3.8 км и е обележана на ниски планински нагиб, наменета за аматерско натпреварување. По самата патека се поставени обележани места за освежување за време на трката. За оваа дисциплина потребно е само натпреварувачот да има соодветна спортска опрема според неговата желба. Натпреварувачите тргнуваат во исто време, со тоа што оделно се бодуваат мажите а одделно жените.
ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Изведувач – Велосипедски клуб “ENERGY”
ДОЛЖИНА – 7.6км за мажи; 3.8км за жени
ТЕЖИНА – Средна ВИСИНСКА РАЗЛИКА – 400м
МАКС. НАГИБ – 35% ПРОС. НАГИБ – 9.2%
Оваа дисциплина е наменета за еден натпреварувач. Натпреварувачите се натпреваруваат во планински велосипедизам каде патеката за мажи е долга 7.6км а за жени 3.8км и е обележана на ниски планински нагиб, наменета за аматерско натпреварување. По самата патека се поставени обележани места за освежување за време на трката. За оваа дисциплина секој натпреварувач потребно е да си носи своја опрема (велосипед и спортска опрема). Натпреварувачите тргнуваат во исто време, со тоа што оделно се бодуваат мажите а одделно жените.
Организаторот за оваа натпреварувачката дисциплина, доколку е потребно и по барање на учесниците, може да изврши транспорт на Велосипеди од точно одредена локација во Скопје до Маврово и назад.
Пријавување на следниот линк
SPORT CHALLENGE
Првиот ден натпреварувачите ке имаат можност да се натпреваруваат во 10 дисциплини (8 натпреварувачки и 2 ревијални):
ВОДА

- Кајак на мирни води
- Трка со скутер на вода
ВОЗДУХ

- Стрелаштво
- Стреличарство
- Фрлање на копје
- Пикадо
ЗЕМЈА

- Планинско трчање
- Планински велосипедизам
ОГАН

- Трка со џипови (р)
- Трка со АТВ и Крос мотори (р)
ADVENTURE GAMES
Вториот ден од Mavrovo Maximum Adventure се состои од забавни игри кои се наменети да го подобрат тимскиот дух а во кои најважна е снаодливоста, интелегенцијата и агилноста при совладување на препреките.
“Adventure Games” se состојат од неколку игри, секоја различна, каде учесниците ќе имаат задача заедно да ги совладаат препреките и да ја завршат секоја од игрите во најбрз временски рок. За секоја игра секој тим сам одлучува за тоа кој од екипата ќе учествува во предизвикот.
Екипите со најдобри времиња за секоја од игрите добиваат дополнителни поени кои влегуваат во вкупното бодирање за финална победа на Mavrovo Maximum Adventure. На крај се собираат сите поени добиени од предизвиците од двата дена, каде се наградуваат екипите со најголем број освоени поени.
НАПОМЕНА: Во настанот имаат право на учество сите оние кои активно не се занимавале со професионален спорт од 2005/2006 година
skimacedonia
