Покана за Телемарк (Р)Еволуција ски настан

telemark snow event skiamcedonia

Покана за Телемарк (Р)Еволуција ски настан 14-17.02.2015

Почитувани стари и нови Телемарк пријатели

Среќни сме да ви посакаме добредојде на првиот Телемарк спортски настан во Македонија кој ќе се одржи во ски центрите Маврово, Попова Шапка и во Националниот парк Галичица.

Телемарк ски стилот е оригинална и најстара форма на скијање. Овие ски техники се комбинација на Алпското и Нордиското скијање.  Слободната  пета на везовите при скијање придонесува за поинакво искуство. Забавно за сите типови на патеки, а посебно за надвор од стазите.

Сакаме да ја промовираме спортската култура на Телемарк скијањето. Нашате цел е да ја понудиме оваа екстремно елегантна ски дисциплина достапна за секого во пробна сесија. Сертифицирани инструктори од Италијанската организација Телемарк Сноу евент ќе бидат дел од овој настан и бесплатно ќе го пренесат своето искуство и знаење за Телемарк стилот. Доколку ни се придружите и присуствувате на овој настан ќе може да се стекнете со теоретски и практични знаења и вештини.

Настанот ќе се одржи во следните центри:

Маврово еден од главните ски центри и популарна туристичка дестинација во Македонија. Ски центар кој е во рамките на Националниот парк Маврово, одалечен на час возење од Скопје.

Попова Шапка еден од најголемите ски центри , сместен во северо-западниот дел од Македонија кој нуди одлични услови за скијање како на ски патеките и надвор од нив.

Галичица, дел од истоимениот Национален парк, сместена меѓу две езера со исклучителна природна убавина. Со можности за слободно скијање и планинарење.

Отварањето е закажано за 14 февруари во Маврово во 8:30 минути каде што преку краток вовед и теоретски дел воден од страна на професорот Горан Никовски од Факултетот за физичка култура ќе се премине на практичните делови на демонстрација на падините. 15-ти февруари исто така е закажан за практични елементи водени на скијачкиот центар „Заре Лазаревски“. 

Наредниот ден, 16 февруари обуката ќе се префрли на Попова Шапка каде што инструкторите ќе ја продолжат обуката, а вечерта се оди за Охрид кадешто наредниот ден во зависност од условите ќе се одбере Галичица или Пелистер за понатамошна демонстрација и тура на нашите планини

Контак за регистрација на настанот и дополнителни информации email  arsova.takt@gmail.com

Во пријавата треба да се наведат: Име и презиме, контакт телефон, број на чевли, висина, тежина и скијачко искуство + (едно од предложениве) прв пат на скии, рекреативец или напреден скијач.

Котизација за користење на самата опрема и следење на курсот е бесплатна, но луѓето ќе треба да си обезбедат превоз, ски карта, сместување и мал придонес за трошоците за организацијата.

Во продолжение следи деталната понуда:

Еднодневно учество – Маврово 14 или 15 Февруари – Цена 1300 денари
Вклучува: Ски карта за мин. 3 часа Телемарк обука, учество на теоретско предавање, свеченост дсо дегустација на Македонски производи и попладневна видео презентација.

Еднодневно учество – Шапка 16 Февруари – Цена: 1300 денари

Вклучува: Ски карта со неколку часовна Телемарк обука, заеднички ручек и краток теоретски вовед.

плаќањето ќе се врши на лице место, но регистрацијата за настанот е задолжителна.

 

telemark snow event 1skiamcedonia

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки