Следи го настанот
Спремете се за Најдобрата,Најбрзата и Највозбудлива 6та по ред Pelister Downhill Cup. Downhill трка која ке трае 3 дена во која ке имате многу возење ,адреналин и емоции.
PELISTER DOWNHILL CUP
1. ИНФОРМАЦИИ
1.1 Правила
– Pelister Downhill Cup ќе биде одржан според правилата нa Union Cycliste Internationale UCI, и по правилата на Македонската Велосипедска Федерација.
– Pelister Downhill Cup ќе биде одржан во рамките на Балканскиот Downhill Cup и ќе биде бодуван за ранг листа на ВФМ Велосипедската Федерација на Македонија.
– Сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на тренинзите, квалификациите и финалната трка ги прифаќаат правилата и се обврзани истите да ги почитуваат.
– Организаторот не одговара за било какви правни последици во случај на незгода или надомест за оштетување на опремата на натпреварувачите.
– Организаторот не одговара за дела направени од страна на натпреварувачите од врз трети лица.
– Натпреварувачите под 18 години треба да да поднесат согласност / изјава од родител или старател.
– При подигнување на стартниот пакет потребно е да се достави согласност / изјава со сите потребни информации (.PDF согласност). Натпреварувачите помлади од 18 години мораат да бидат придружувани од полнолетно лице (родител или член на клубот) кој ќе биде одговорен.
2. Учество
2.1 Категории
Men Elite / Men Junior / Men Masters / Men and Women Hobby
2.2 Бодирање
UCI систем на бодување
2.3 Регистрација и стартарина
– Регистрацијата за натпреварот може да се направи на следната емаил адреса:
extremebiketeambitola@gmail.com со поднесување на сите потребни информации за натпреварувачот ( со пополнување на пријавата објавена на www.kupikartizase.com) и приложување на карта за натпреварот која натпреварувачите може да ја купат од следниот линк www.kupikartizase.com/Events/pelisterdownhill.
– Групна регистрација може да се направи со поднесување на пријавата со сите потребни информации од секој натпреварувач во групата / клубот и приложување на купената карта како доказ за извршена уплата за пријавата да биде валидна.
– Регистрацијата за натпреварот може да се направи до 27.05.2018
– Цената за пријава на натпреварот изнесува 900 денари (15 евра) за натпреварувачите кои поседуваат UCI лиценца и се пријавиле до крајниот рок. Цената за натпреварувачите кои поседуваат UCI лиценца и ќе се пријават после крајниот рок ( можност за пријава на лице место) изнесува 1200 денари (20евра)
– Цената за натпреварувачите кои не поседуваат UCI лиценца и ќе се пријават до крајниот рок изнесува 1200 денари (20 евра). Цената за натпреварувачите кои не поседуваат UCI лиценца а се пријавиле после крајниот рок ( можност за пријава на лице место) изнесува 1500 денари (25 евра).
2.4 Распоред
ПЕТОК 01.06.2018
10:00 – 13:00 Преглед на стазата без велосипеди
13:00 – 18:00 Неофицијален тренинг без обезбеден превоз, медицинска екипа, горска служба и судии.
САБОТА 02.06.2018
08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви
10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
НЕДЕЛА 03.06.2018
09:00 – 11:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
12:00 – 14:00 Квалификации со обезбеден превоз, жичара, медицинска екипа и судии.
15:00 Финален спуст
Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот.
2.5 Мерење на време
Мерењето на времето ќе се одвива хронометарки.
Резултатите ќе бидат видливи на целта на голем дисплеј со цел публиката и натпреварувачите да бидат навремено информирани.
2.6 Превоз
Организаторот ќе обезбеди соодветен број на возила за превоз на натпреварувачите и жичара.
Натпреварувачите се должни да се придржуваат на распоредот.
2.7 Награди
Медали и пехари ќе бидат доделени на сите категории за првите тројца пласирани натпреварувачи.
Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите на трката обезбедува дополнителни награди за најдобрите три времиња од сите категории:
Наградата за првото најдобро време изнесува 400 евра
Наградата за второто најдобро време изнесува 200 евра
Наградата за третото најдобро време изнесува 100 евра
2.8 Технички спецификации на патеката
Должина: 2100 метри
Висинска разлика: 425 метри
Број на судии на патеката: 2
Број на редари на патеката: 20
2.9 Сместување
Можност за сместување во Хотел Молика во соработка со Extreme Bike Team со обезбеден попуст.
Цените за сместување во хотел Молика се следни:
– 1170денари / 20евра ( полн пансион)
– 1050 денари / 17 евра (полу пансион)
– 920 денари /15 евра ноќевање + појадок
Резервацијата за хотел се прави со самото пријавувње за натпреварот со наведување на бројот на лица кои ќе престојуваат во хотелот.
Попустот за сместувањето на натпреварувачите ќе важи со поднесување на пријавата за натпреварот директно во хотелот.
Натпреварувачите може да направат резервација за престој и директно во хотелот доколку има слободни соби.
Кампување – Организаторот обезбедува простор за кампување во близина на самата патека.
Организаторот не обезбедува шатори и друга дополнителна опрема за кампување.
За повеќе детали обратете се на нашата Facebook страница ( Pelilster Downhill Cup ) или на емаил: extremebiketeambitola@gmail.com.
skimacedonia
