Планинарското Друштво Чеплес се приклучува т.е ќе учествува во второто искачување на Две Уши по повод вториот по ред Патронат на Планинарски дом “Томе Шутов – Кротки”
ПРОГРАМА
22.11.2015 Недела
06.00 тргање од пред вемол со сопствени возила ( пријава за возила и заинтересирани за настанот на тел 075 216 099 )
– 8-00 часот старт на акцијата,маршута: Планинарски Дом “Томе Шутов – Кротки” 625м.н.в. – Манчева Пресека – Сиглица 1200м. – врв Двете Уши 1766м.н.в. ( пешачење 3 – 4 часа).
– 11 часот пристигнување на врвот
– 12:30 часот враќање назад кон Планинарскиот Дом
– 14-14:30 пристигнување во Планинарскиот Дом
– 15 часот РУЧЕК (планинарско гравче).
По завршување на акцијата релаксација во Негорски Бањи
Организаторот Планинарско Друштво “Кожуф” Гевгелија обезбедува РУЧЕК и ОСВЕЖУВАЊЕ за сите учесници.
– Патеката е средно тешка .
Потребна опрема за планинарење во зимски услови и кабаница,
Секој учесник е должен да ги почитува правилата на организаторот и водичот, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.. Наведената акција е организирана и движењето ќе се одвива во колона предводена од водичот. Организаторот и водичот имаат право да исклучат учесник пред стартот на акцијата ,се разбира доколку не ги исполнува наведените услови и не поседува адекватна опрема предвидена за акцијата.
Организаторот и водичот го задржуваат правото за измена на терминот и рутата на наведената акција , во зависност од временските услови и останати технички препреки.
НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да си носи прибор за јадење,како и соодветна опрема за планинарење.
skimacedonia
