
Од моментално отворените ски центри на алпите, не се многу оние кои имаат количина на природен снег над едно метро. Конкретно тука спаѓаат италијанска Cervina како и глерите на Hintertux и Zermatt кои работат во текот на целата година.
Според службени податоци на Hintertux има 110 см снег, инаку редовна тренинг станица на македонските репрезентативци и ски клубови во алпско скијање. Sölden и Stubai осумдесетина см снег и бројот на оперативни патеки е со просечна должина од 30 км.

Од стандардните ски центри кои немаат глечерска подлога Obergurgl сместен во срцето на Тирол е отворен минатата недела, а низ Австрија можно е да се скија и на Kaunertal, Kitzsteinhorn, Pitztal и Kitzbühel.
Низ Франција оперативен е центарот во Tignes со 50 см подлога на глечерот Grande Mottа, а во најава е стартот на Val Thorens за крајот на ноември и Les 2 Apes во првата половина од декември.
Во Италија функционира Cervina и Val Senales, а од другата страна во зоната на Швајцарија, Zermatt и Saas-Fee.
skimacedonia