Инспирирани од човекот кој страствено ја сакаше планината и дружењето во природа, а кој за жал не напушти прерано, неговите пријатели во негова чест, оваа недела нa 8 мај повторно оргаинзираат тура до врвот Љуботен, преку планинарскиот дом Љуботен за да да се потсетиме на вредностите и ликот на Јован Дамчевски – Јовка, а во исто време да се помине ден во природа. Под мотото „Да ја приближиме планината до нашите деца“, а инспирирани од силата и убавината на природата и водени од желбата тие ја промовираат идејата дека дружењето во планина е активност за која треба посветено да се залагаме, група другари, другарки и роднини на Јован срдечно Ве покануваат на планинарско дружење, на кое се поканети покрај пасионирани планинари, точкари, турно скијачи и слични nature lovers, дечиња и семејства… Подгответе си го ранецот и тргнете кон врвот Љуботен за да ја споделиме енергијата на Јован и да започнеме една традиција која ќе ги негува овие универзални вредности.
Информации за турата и пријавување:
Искачување на врв Љуботен, 8 мај 2016
Турата започнува од с. Старо село (900м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом Љуботен. Првата кратка пауза е кај домот по 1,5часа пешачење по макадам (земјен пат), од каде се продолжува до врвот. Турата e средно тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел и искачување на врвот. Учесници можат да бидат планинари/ки, рекреативци и ентузијасти кои имаат доволно кондиција и физичка спремностда се искачат барем до домот. Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можност од променливо време, а од храна лесна храна/овошје. Вода може да се наполни во Старо село и во домот.

Поаѓањето е во 6,30 ч. од паркингот на Веро Tафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село. Бројот на местата се ограничени.
Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до четврток 7 мај 2016. Резервацијата на место е исклучиво со уплаќање. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 450 денари.
Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.
skimacedonia