Официјално откажан Скопски Маратон 2015

Виз Ер Скопски Маратон 2015 е одложен на неодредено време заради новонастанатата безбедносна ситуација, а подоле во прилог ви го пренесуваме официјалното соопштени од организаторот.

Почитувани маратонци, полумаратонци, љубители на спортот, посетители на манифестацијата, соработници, спонзори, партнери, волонтери  и сите останати заинтересирани за нашата манифестација,

Сојузот на спортови на Скопје, како официјален организатор на Виз Ер Скопскиот Маратон, при завршувањето на финалните активности за денешниот маратон, доби телефонска информација од Град Скопје и МВР дека денешната манифестација Виз Ер Скопски Маратон 2015 поради ново настанатата – безбедносна ситуација во државата се ОТКАЖУВА.

Би сакале јавно како организатори да ве информираме дека ги чекаме писмените дописи од официјалните институции кои ја донесоа оваа одлука, со информација за откажувањето на Виз Ер Скопски Маратон 2015 година, кои веднаш по добивањето официјално ќе ги споделиме со јавноста и медиумите.

Искрено,

Сојуз на спортови на Скопје

skopski maraton 2015

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки