Интернационален аутдор фестивал Демир Капија 2015

Општината Демир Капија ги кани сите вљубеници во спортот и рекреацијата во природа на вториот Интернационален аутдор фестивал Демир Капија 2015.

View-from-the-camping-place

Фестивалот ќе се одржи од 22 до 25 мај за време на прославата на празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.  Место на одржување на фестивалот е едно од уникатните областi во Македонија, природнаta убавина во регионот во општина Демир Капија кој е идеален за сите спортови и рекреација во природа. Целта на фестивалот е да се зајакне пријателството меѓу сите оние кои сакаат спортови на отворено. Затоа фестивалот ги поканува сите качувачи, алпинисти, планинари, кајакари, велосипедисти, спелеолози и сите оние кои ја сакаат природата, планините, реките и шумите и добрата дружба, да се вклучат во оваа прослава.

За време на фестивалот, сместувањето ќе биде организирано во шатори од кампот, во домови и хотелите во Демир Капија. Ќе бидат овозможени и места за презентација на омилените активности, филмови и слајд презентации, кој ќе може да се претстават на неколку видео екрани во локалните ресторани, во Домот на културата и локалниот музеј на Демир Капија. Исто така, ќе се организира концерт и друга културно забавна програма. Федерациите и клубовите кои сакаат да организираат свои натпревари и други активности ќе им се даде поддршка од општината и спортскиот клуб “Клисура”.

Програма на Интертнационалниот аутдор фестивал Демир Капија 2015

– Алпиниада која вклучува алпски маратон, мулти-пич маратон, AID climbing  master натпревар, качување за почетници;
– тура Историски крст, 1,5 километри од “Железна порта” до центарот на Демир Капија;
– Тура до местото на качувачките натпревари;
– Рок забава на градскиот плоштад;
– Фото и видео презентации на спортски достигнувања;
– Отворена забава со пријателски оган;
– Посета на музејот и винарската визба во Демир Капија;
– И многу повеќе …

За да учествувате на фестивалот мора да се регистрирате и да потпишете форма за лична одговорност и познавање на избраната форма на активност. Лица под 18 години треба да имаат дозвола од нивните родители.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ во најубавиот природен регион Демир Капија!

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки