Временски услови за локална зона, Кораб, 3 септември
Врнежи, дожд во текот на ноќта до утринските саати со интензитет кој ќе намалува и се очекува врнежите да престанат. Облачноста исто така ќе се намалува до попладневните часови, за кога се очекуваат нови врнежи кои ќе продолжат во текот на следната ноќ.
Ветар, умерен кон засилен југ – југозапад, истиот на пладне може да достигне и силина 40 км/час.
Температурата во зоните до 1800 метри околу 12°C, во зоната над 2500 метри температури до 5°C. Имајќи ја во предвид силината на ветерот, искачувањето и амбиентот може да делуваат прилично студено.
Најголеми шанси за искачување без дожд ќе има во период после 9 до 14 часот.
Препорачуваме, облека која штити од ветер и дожд, планинарски чевли.

skimacedonia

