
Планинска велосипедска тура на досега неоткриените Славеј Планина и Караорман со старт и цел во селото Годивје.
Детали за турата
Локација: Годивје
Датум: Сабота и Недела, 14 – 15 септември 2019
Старт на турата: недела, 15 септември во 10 часот
Камп
Почнувајќи од сабота, 14 септември, камперите се добредојдени во кругот на црквата Св.Спас во село Годивје. Во сабота навечер е предвидена забава. Пијалоци ќе можат да се набават по симболични цени.
Содржини
1. Велосипедска тура
– должина: 45 км
– искачување: 1500м
– потребно време: 5-6 часови
2. Планинарска тура
– должина: 12 км
Пријавување
Пријавувањето може да се изврши по цена од 300 денари.
Секој учесник добива:
– организирана планинска тура за возење велосипед по маркирани патеки во придружба на водичи на турата
– логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед)
– станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода)
– ручек во недела по завршувањето на турата во Годивје
– локација за кампување
Правила за учество
– Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед или планинарење на планина.
– Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа
– Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност
– Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците
– Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици
– Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум
skimacedonia