Кога после милион видени пејсажи добиваш импресија wow

You Won't Believe This Is In Italy

Не споделуваме често нешто за планините, тоа затоа што се зголеми филтерот за квалитетни објави, а ова видео навистина импресионира и се издвојува со своите пејсажи.

Младиќот Bashir Abu Shakra, пред 2 години започнал да прави како што изјавува, еден од најголемите филмови што некогаш ги направил сам, па дури и за време на студиите на универзитетот во Минхен, точно на планините во Италија. За Bashir ова е најтешкиот предизвик што го направил во својот живот, бидејќи решил да покрие повеќето планини, познати и непознати, што може да потрае повеќе години.

“Тоа беа стотиците часови пешачење , искачување за да стигнам до овие погледи со сета моја фото опрема. Поголемиот дел од времето морав да кампувам таму, само за да бидам сам, или да го фатам изгрејсонцето. Имав многу разочарувања низ целото патување, понекогаш морав да ги повторам истите искачувања, два, три пати во 4 дена по ред, само за да доловам момент или заради лоши временски услови, на пример Монте Пелмо, каде се искачив 3 пати по ред за 3 дена, и многу други.”

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки