
Следи го настанот
Пробајк Скопје, организира Мавровска тура низ корабскиот регион.
Рутата е долга околу 55 км со средна тежина и поминува низ многу живописен предел исполнет со бројни шумски пејсажи, планински реки и погледи на големите корабски врвови и прекрасни села почнувајќи од Маврови Анови преку патот за Дебар, приклучокот за Стрезимир, патот за Кораб – Бродец – Кракорница – Богдево – Врбен – Маврови Анови.
Стартот е закажан во 09:00 часот во Маврови Анови на паркингот кај Поштенско. Секој сам си обезбедува храна и пијалоци.
Задолжително е технички исправен велосипед и кацига. Секој вози на своја одговорност.
Разгледај ја рутата https://www.bikemap.net/en/route/2846761-mavrovi-anovi-vrben-krakornica-brodec/
Како беше минатиот пат, Бајкерска кавалерија низ мавровскиот регион
skimacedonia




