Два пати во два дена на 80то издание на Hahnenkamm трката, Matthias Mayer ги шири рацете во знак на славење.
Иако неговото водечко време во super-G во Петокот не издржа, храброто возење на Streif патеката во Сабота му заработи победа во класичниот спуст, со што стана првиот Австриски победник на овој настан во последниве шест години.
На совршената стаза, Mayer финишираше со 0.22 секунди пред својот Австриски колега Vincent Kriechmayr и Швајцарецот Feuz, кои беа израмнети на второ место.
“Нема ништо подобро од преминувањето на целта пред тие илјадници луѓе. Навистина е неверојатно. Во Kitzbuehel секогаш има тензија но ја очекувам со нетрпение оваа трка, сакав да уживам тука,” изјави Mayer, кој освои super-G на исто место пред три години.
Ова е негова осма победа во кариерата на Светскиот Куп а трета во сезоната, откако триумфираше во super-G во Lake Louise, Alberta во Декември и на алпска комбинација во Wengen, Switzerland минатата недела.
Пред домашна публика од преку педесет илјади луѓе. Светскиот шампион во спуст Feuz повторно не успева да ја освои захтевната трка за второ место по четврти пат последниве пет години.
“Повторно не бев доволно брз, но второ место на најтешката патека во Kitzbuehel, мора да се биде задоволен. Во Wengen неколкупати ме пратеше среќа, овде во Kitzbuehel не беше на моја страна.” Изјави Feuz кој е водечки во дисциплината пред Dominik Paris.
Минатогодишниот победник на трката Paris за жал ја завршува сезонава откако се здоби со повреди на искинати лигаменти и фрактура на десното колено на тренингот за трката од super-G.
Сега Mayer се искачи на трето место во спуст и ќе го брка Feuz. Kriechmayr пак со освоеното 1-2 за Австрија пак изјави: “Беше одлична трка, нашите фанови го заслужија ова. Последниве години не сме добри”.
skimacedonia
