На незгодната и стрмна ски патека Томба во Банско, Shiffrin извлече победа во спустот број 1, Federica Brignone од Италија заврши на второ место, а Joana Haehlen од Швајцарија со својот прв подиум на Светскиот Куп заврши на трето место . На патеката со доста кривини изгледа им одеше во прилог на технички подготвените скијачки. Главниот ривал на Shiffrin, Petra Vlhova од Словачка стартувајќи од 32ра позиција заврши на шесто место со свој најдобар настап во спуст. Италијанките Elena Curtoni (стартен бр. 23) и Marta Bassino (31) завршија пред неа.
Mikaela го освои својот прв спуст пред две сезони во Lake Louise каде заврши втора оваа сезона а со само 11 скијани спуста на Светскиот куп сеуште ја билда самодовербата во спуст. Насмеана до уши на крајот од патеката изјави: “Се чуствував многу самоуверено со моето скијање денес и многу подобро од тренингот. Можеби бев малку уплашена, Но си реков, ајде да го направам ова – ајде да пробам. Па бев доста возбудена да видам на крајот дека бев така брза.”
Сега таа има комотна предност во генерален пласман со вкупни 1075 поени —280 поени пред Federica Brignone од Италија. Но со оваа победа во спуст веќе е на второ место во тоа
Shiffrin веќе има три победи сезонава во слалом и една во веле слалом но победата во Банско и е прва во 2020 година.
Таа ја брка сонародничката Vonn која во кариерата има четири круни на Светскиот Куп и тоа од 2008 до 2012 година, додек Annemarie Moser-Proell од Австрија држи рекорд за жени со шест трофеи за скијачот со најдобар пласман во сезоната земено во сите дисциплини.
На вториот спуст владееше италијанското трио Elena Curtoni , Federica Brignone и Marta Bassino
Денес 26 јануари, Shiffrin победи и на Super G натпреварот
skimacedonia
