Лавина затрупа 9 планинари во зоната Јелак – врв Плат за среќа без повредени и жртви

Како што објави уште во неделата планинарскиот клуб Предејане од Србија, во зоната на Јелак која ја опфаќа задната страна на ски центарот Попова Шапка во делот кој врвот Плат 2389м околу 10 часот врз група од 17 планинари од Србија и Македонија се срушила лавина која зафатила 9 планинари и ги затрупала целосно.

Благодарение на присебноста на останатите осум планинари и нивната брза реакција дошло до извлекување на зафатените, кои биле лесно визуелно маркирани и приближно позициониран при падот на лавината. Целата интервенција траела кратко време околу 15 минути, навремено да се интервенира, за да не дојде до задушување на дел од затрупаните.
Во целата оваа случка има само полесно повредени и како што изјавуваат, среќа е што не биле зафатени сите 17 планинари, каде во таков случај би немало кој да им помогне во брзата реакција и спасување.

Ова качување беше организирано од Планинарски клуб “Предејане” од Србија во која учество земаа неколку планинари од Тетово.
12698256_lavina jelak plat avalanche popova sapka 12716398_lavina jelak plat avalanche popova sapka 12744518_lavina jelak plat avalanche popova sapka lavina jelak plat avalanche popova sapka

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки