Крушево 16-то Светско првенство во параглајдинг

Вчера во Крушево  започна 16-тото Светско првенство во параглајдерство. Ова првенство е најмасовно досега, учествуваат околу 150 натпреварувачи од 49 земји. Според директорот на првенството Горан Димишковски, ова е најмасовно светско првенство што се одржува во Крушево и е своевидна промоција на земјава и на Крушево како туристичка дестинација.

Годинава имаме најмногу околу 150 натпреварувачи од 49 земји. Има и уште 150-ина асистенти на пилотите. Ова е голема промоција, пред сѐ, за Македонија и за Крушево како туристичка дестинација. Ова е врвот на овој спорт. Присуството, најмасовно досега, говори најмногу.  За понатаму нашата цел е од Крушево да направиме светска дестинација, не само на зборови, туку и на дело. За тоа ни се потребни поголема инфраструктура и повеќе вложувања од сите субјекти. Доколку се исполни тоа, мислам дека иднината ќе биде многу светла, изјави Димишковски.

67812018_krusevo paragliding world cup

 

Тој посочи дека македонската репрезентација има добри шанси да постигне врвни резултати. Има услови и интерес, но битни се талентите на пилотите, потенцира тој. Со добри услови и вештини дневно може да се достигнат височини од 2,5 до 3 илијади метри, да се биде во воздухот 180-ина километри во кружен лет, а за време на цел шампионат и до 800 километри. Учесниците се воодушевени од условите и очекуваат врвни резултати. -Веќе неколку пати доаѓам овде. Сега сум со групата од Јапонија. Условите за летање се одлични, суво е може да се искачеме високо. Во Јапонија е жешко, овде се далеку подобри условите, рече Кеиоко Хираки од Јапонија Репрезентацијата на Филипините првпат е во Крушево. -Убаво место, земјата е прекрасна, а и луѓето. Одлично е натпреварувањето и сум среќен што сум тука, сигурно е слетувањето, изјави Вилијам Паркис од Филипините -Првпат сум во Крушево, одлично е за летање. Ќе имаме убави две недели на шампионатот. имаме одличен тим и се надеваме на добри резултати. Условите се добри за разлика во Австралија каде е жешко, смета Кари Елис од репрезентацијата на Австралија. -Ова ми е третпат во Крушево. Бев на Европското во 2016 и лани на Британското првенство овде. Ветрот е добар, како и температурите, рече Касти Камерат од Велика Британија. Еден од тричлената македонска репрезентација е Ѓорѓи Ристовски. -Јас сум еден од тројцата пилоти што ја претставуваат македонската репрезентација. Има голем број натпреварувачи, огромна конкуренција, тука се најдобрите параглајдеристи во светот. Чест е што ја претставуваме нашава земја и се надеваме на добар резултат, изјави Ристовски. Светското првенство во параглајдерство во Крушево ќе заврши на 18 август со прогласувањето на најдобрите.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки