По подолго време во Крушево се врши расчистување и рамнење на ски патеките под двоседот и другите лифтови, со цел поквалитетно скијање и зголемена безбедност. Патеката под двоседот е долга околу 550 метри, со висинска разлика од 200 метри, има црвена класификација, води директно до градот и почетната станица. Дополнително ќе се изврши и реновирање на ресторанот кој се наоѓа на самите терени и ќе биде во функција во текот на целата летна и зимска сезона, каде посетителите ќе имаат дополнителна можност за изнајмување на планински велосипеди или 4х4 квадови. Во план се и изградба на ролер-костер и зиплајн забава.
Крушево не може да се пофали со долги патеки, но е идеално за ски школи и фамилии кои практикуваат рекреативно скијање, планинарење и планински велосипедизам. Од минатата година ски центарот е во рацете на нови сопственици, кои заедно со ексклузивниот хотел Панорама Спа, се со намера и идеја Крушево да понуди ново искуство во уживањето во природата и туристичките сервиси.
skimacedonia

