Отворена традиционална еднодневна акција на планината Дешат со искачување на врвот Крчин 2341 м.н.в. во организација на ПК Македон
Турата започнува од с. Битуше (поточно месноста Драга над селото до фудбалското игралиште и караулата) и е во должина од 5.5 km по планинска патека во траење од 2 до 4 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1200 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата кај црквата св. Спас која се наоѓа на висорамнина непосредно под врвот.
Втора опција за поспремни планинари: по искачување на врвот една група се одвојува и продолжува до врвот Рудина 2238 м.н.в. (следниот врв на југ по сртот на Дешат), додека останатите продолжуваат кон црквата, каде ќе се состане целата група. Забелешка: искачувањето на врвот Рудина бара солидна кондиција и подготвеност, се оди по остар срт, па не е препорачано за недоволно спремни учесници.
Целата тура е средно тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во последната третина (по црквата и искачувањето на врвот).
Првата кратка пауза е кај првата чешма во првата третина од патот, каде ќе може да се наполни изворска вода. Втората подолга пауза е кај црквата св. Спас, каде исто така може да се наполни вода на Галева чешма, од каде следува искачувањето на врвот. Задолжително да се понесе лесна храна/овошје. Од опрема да се понесат солидни планинарски обувки и јакна/кабаница поради можни остатоци од снег и променливо време.
Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Битуше. Бројот на места е ограничен!
Пријавувањето задолжително се извршува на телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до четврток 27 мај 2015. Резервацијата на место е ИСКЛУЧИВО со уплаќање. Доколку не се потврди учеството до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани.
Цената за турата е 450 денари.
Поаѓањето е во 6ч од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови (точното време за враќање не е можно да се одреди, така што исклучете други активности за тој ден).
Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот.
Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво.
skimacedonia
