Викторија Тодоровска своето деби на Олимписките игри ќе го има на 15 февруари кога ќе настапи во дисциплината 10 км. слободен стил (7:30 часот по македонско време или 15:30 часот по корејско време).
Ставре Јада покрај денешната трка на која заврши како последен во спринтот класичен стил, ќе ја има својата втора трка на 16 февруари во дисциплината 15 км. слободен стил (10:05 часот по македонско време или 18:05 часот по корејско време).
Антонио Ристевски ќе го има својот прв настап во дисциплината велеслалом на 18 февруари (02:15 часот по македонско време или 10:15 часот по корејско време, а втората трка е во 05:45 часот по македонско време или 13:45 часот по корејско време). Последниот настап на овие зимски Олимписки игри Антонио Ристевски ќе го има на 22 февруари кога ќе настапи во дисциплината слалом (02:15 часот по македонско време или 10:15 часот по корејско време, а втората трка е во 05:45 часот по македонско време или 13:45 часот по корејско време).
skimacedonia

