Од страна на Министерството за Култура изработена е физибилити студија за ревитализација на мијачкото село Гари, кое во моментов се состои од 75 куќи. Студијата предвидува реставрација на постоечките куќи со традиционалните материјали, архитектура и техники на старите мајстори.
Предвидено е да се инвестира и во нови содржини што ќе го поддржат селскиот туризам, како што се: сместувачки и угостителски капацитети, инфо – зони, изложбен простор, уредување на просторот во центарот на селото, ревитализација на црквата „Св. Богородица“ и организирање на летна школа за архитектонска конзервација на традиционалните куќи.
Според економските параметри на студијата, проектот за ревитализацијата на село Гари е економски исплатлив, дури и ако бидат исполнети само 30 отсто од куќите, и тоа само по едно легло. Оваа физибилити студија е изработена во рамките на меѓународниот проект „Култема“, финансиран од ИПА – фондовите за прекугранична соработка и од Министерството за култура.
tweet
skimacedonia

Ja pozdravuvam idejata za s.gari
Toa e nasata lulka koja ja gaime i odrzuvame
kade moze sekoj da doje i da uziva .