Обука на планинарски водичи за водење лица со оштетен вид

Осум планинари работата со обука и подготовки за придружба на лица со оштетен вид во планина. Целта е преку соодветна едкуација и обука на одреден број планинари, да им овозможи на лица со оштетен вид да го почувствуваат “будењето на пролетта”. Обуката се содржи теориски и практичен дел во природа, осврнувајќи се на главните аспекти на движење на планина со лицата со оштетен вид.

За оваа група на луѓе природата не е лесно достапна и тие често зависат од своите блиски. Кампањата “Осети природа” ќе поттикне соработка помеѓу планинарите и лицата со оштетен вид и на тој начин ќе им овозможи на овие лица да се охрабрат да излегуваат почесто од урбаната средина во природа и да ја уживаат со сите сетила. Како крајна цел е да се влијае врз јавната перцепција кон лицата со оштетен вид преку создавање позитивни примери за надминување на попреченостите. Активностите започнуваат во доцна пролет кога и ќе се изведат прошетките на планина. Обуката ја спроведува Здружението НАТУРА МК Скопје со поддршка на Националниот Парк Маврово кој се приклучува на активностите со желба во иднина да ја изгради првата адаптирана патека за лица со оштетен вид во Македонија.

Кампањата “Осети природа” – иницијатива за луѓе со оштетен вид е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, финансиран од Европската Унија во кој партнери се Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

53276102_obuka na planinarski vodici za lica so oshteten vid 53113371_nacionalen park mavrovo 53030529_obuka na planinarski vodici za lica so oshteten vid

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки